Дизни за прв пат има ЛГБТ главен лик, се работи за бисексуална девојка

Сподели со своите пријатели

Дизни го доби првиот главен лик кој е бисексуалец, благодарение на серијата „The Owl House“, која е прикажана на каналот „Дизни“, пишува Дејли Меил.

Loading...

Авторот на серијата Дана Терас откри на Твитер дека главниот лик на серијата, доминиканско-американска девојка Луз Ноцеда, е дефинитивно бисексуалка.

„The Owl House“ првпат беше прикажана во јануари. Серијата се занимава со 14-годишно девојче, кое наоѓа врата на магичен свет и се обидува да го исполни својот сон да стане вештерка додека престојува таму.

Во претходните епизоди, Луз ја привлекуваа мажи, но во неодамна емитуваната епизода на „Enchanting Grom Fright“, Луз започна да ја истражува својата врска со друга ученичка во училиштето – Амита Блајт. Во таа епизода, Амита вели дека има чувства кон Луз и сака да ја замоли да оди со неа во „Grom“, настан како матурска. Додека се таму, двете девојки танцуваат заедно.

Во своите објавувања на Твитер, Терас потврди дека Луз е бисексуалка и рече дека се борела за „квир децата“ да бидат прикажани во нејзините серии. Терас (29) изјави дека направила епизода со матурска вечер да ги надомести сопствените искуства.

„Бев многу отворена во намерата да имам „квир“ деца во серијата. Лажам многу лошо, така што ќе ми биде тешко само да ја втурнам во серија“, рече таа. Додаде дека некои од Дизни првично се спротивставиле на идејата, но на крајот ја прифатиле.

„Јас сум бисексуалка. И сакам да направам бисексуален лик. За среќа, мојата упорност се исплатеше и раководството на Дизни сега многу ме поддржува“, напиша таа и се заблагодари на својот тим, а особено Даг Бенсимон, актуелниот директор на серии на „Disney Television Animation“.

Патем, ЛГБТИК ликовите се појавуваа порано во сериите на Дизни, но само како придружни или епизодични карактери.

Loading...

извор: локално.мк

Leave a Reply