Диверзанти ја нападнаа територијата на Русија? Борби во Белгород!

Сподели со своите пријатели

Според информациите што се појавија на одредени канали на Твитер и Телеграм, руската диверзантска единица – Рускиот волонтерски корпус (РДК), ја преминала границата на Украина и Русија и влегла во пограничниот град Белгород, каде, според нивните изјави, се ангажирани во тешка битка.

Loading...

Наводно, во упадот на РДК на руска територија учествувале оклопни возила и тенкови на украинските сили, иако официјалната армија сѐ уште не се изјаснила за ова, пренесува Index.hr.

На интернет се појавија и видеа на кои се гледа како членовите на рускиот волонтерски корпус ги повикуваат луѓето да останат дома.

 

 

 

Велат дека нема да ги допрат цивилите во Русија, но дека не можат да ги евакуираат бидејќи Русите постојано ги гранатираат околните места.

Loading...

На Твитер објави Легијата на слободата на Русија.

„Нашите браќа испраќаат поздрави од украинско-руската граница. Нашата борба продолжува. Чекајте не“, се вели во објавата.

Да потсетиме, шефот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков утринава соопшти дека на ова подрачје постојано паѓаат гранати, а во нападот се повредени најмалку осум лица.

Тој исто така изјави дека градот во последните денови речиси континуирано бил под гранатирање од украинските сили и дека само во средата биле оштетени 37 станбени згради, 29 приватни куќи и повеќе од 70 автомобили.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...