Димитриевски: Oд трета најзадолжена општина, денеска Куманово е една од финансиски најстабилните општини

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ информираше дека Куманово е првата општина во државата што има воведено комплетно бесплатен автобуски превоз за сите граѓани на територија на општината.

Loading...

„Први во државата воведовме комплетно бесплатен автобуски превоз за сите граѓани на градот и тој е функција. Сега се обидуваме технички да надополниме линии, број на линии бидејќи се користи. Вкупниот број на луѓе коишто во моментов според слободна проценка во Куманово користат на месечно ниво автобуски превоз можеби бројката поминува повеќе од 12 до 13 илјади граѓани, а откако ќе почне школската година плус дополнително и сите ученици. Интересот е огромен, добиваме голем бенефит. Се намалува загадувањето, се намалува гужвата во сообраќајот и се бориме против дивите превозници кои масовно ги имаше, не можеше никој да ги искорени, бидејќи МВР не функционира и не се замара со тој проблем, бидејќи се однесуваат како гости во градот, а не како институција којашто е должна да работи согласно законот“, потенцираше Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Во емисијата, тој изјави дека граѓаните на Куманово се најдобриот критичар, бидејќи тие се најдобрите познавачи на состојбите во градот.

„Во првиот мандат реализиравме заедно со мојот тим, бидејќи Максим не може ништо, заедно со поддршка на советот околу 400 проекти за вкупно 4 години, почнувајќи од кружни токови, асфалтирање на огромен број во рурални, урбани средини, дополнително огромни инвестиции во образованието, од четири средни училишта скоро три се комплетно реконструирани, да не зборувам за основни училишта и голем број на други проекти, улици, патишта, инфраструктура, бекатони, нови тротоари и повторно недостасува, бидејќи Куманово беше во огромен застој. Најповеќе сум горд дека бевме трета најзадолжена општина во државата, наследив долгови од некаде 11ипол милиони евра, денеска Куманово е една од финансиски најстабилните општини. Ги вративме сите долгови, на сметка имаме некаде околу 200 милиони денари“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!