Димитриевски: Изминатата недела 60 пожари во Куманово, успеавме да ги ставиме под контрола

Сподели со своите пријатели

Изминатата недела на подрачјето на Куманово и околината биле регистрирани вкупно 60 пожари, а денеска сите се под контрола, изјави градоначалникот Максим Димитриевски по денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

– Изминатите седум дена во кумановско се регистирани 60 пожари, на кои интервенираа кумановските пожарникари. Минатиот четврток во еден ден имаше 15 интеревениции на различен тип на опожарување, успеавме сите да ги изгасиме, а во одреден момент побаравме и помош од централниот штаб. При што помош добивме од општинитеи Велес и Кавадарци. За што сме исклучително благодарни, рече градоначалникот.

Димитриевски упати благодарност до сите пожарникари од ТППЕ Куманово, кои деноноќно учествуваа во овие акции, како и на припадниците на Армијата, и на волонтерите од јавните претпријатија и општината.

Во периодот што следува ќе се бара алтернативен начин противпожарните возила да се полнат со вода на различни локации.

– Утврдивме и дополнителни потрбеби на противпожарната единица, бидејќи имаме потреба од големи количини на води и алтернативни места каде би се снабдувале на одредени локации со вода, во следниот период штабот ќе извршиме проверки и контрола на одредени локации за ископување на вода, односно обезбедување на дополнителни количини на вода, по пат на тоа што би избушиле бунари и би монтирале соодветна опрема, рече Димитриевски.

Во овој момент, како што рече градоначалникот, екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово се подготвени да помогнат на општините во регионот и целата држава.

 

Траорни глетки по пожарот во селото Четирце (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

 

Општина Куманово има формирано комисија за проценки на штети и тие ги посетуваат опожарените домаќинства, по што ќе се дефинира штетата.

– Ние тоа го работиме во соработка со територијалната противпожарна единица, ги црпиме информациите од нив, каде тоа е интревенирано од нивна страна и потоа комисија оди, фотодокументира и прави проценка. Откако ќе ги направиме тие проценки ќе ги упатиме сите записници до Владата каде што треба да се донесе одлука за обештетување на граѓаните, бидејќи факт е дека имаме веќе дефинирана кризна состојба, изјави Димитриевски.

Како што појасни првиот човек на Куманово, согласно законот Владата тоа може да го стори, а во другиот случај сите оние лица кои што се опожарени имаат можност да поднесат барање до Советот на Општина Куманово за добивање на финансиска помош при опожарување.

– Потребно е да обезбедат потврда од територијална противпожарна единица за опожарување на нивниот дом и дополнително уредба потврда од МВР и истата да ја комплетираат документација и ја достават до Советот на општината, кој  на седниците носи одлуки за финансиска помош, појаснува Димитриевски.

Сепак пробелм е опожарувањето на напуштените куќи, кои немаат статус на домови, вели тој.

– Немаат статус на домови, кои не ги посетувале со години и се создава проблем при самата проценка на имотот бидејќи најголем дел од граѓаните кога се случи пожарот, додека траше, ниту сакаа, ниту пак дојдоа на лице место и сега се појавуваат како баратели за помош. Да апелираме дека  комисијата ќе се држи согласно нејзините законски овластувања, нема да прави пропусти и да обештетуваме лица кои не сакале да се грижат за нивниот дом во најкритичните моменти. Во село Мургаш имавме голем број на жители на ова село кои учествуваа директно во гасење на пожарот додека имавме и лица кои имаат таму напуштени објекти, поранешни домаќинства кои не се отповикаа на никаков апел и мислам дека е некоректно сега тие лица да се стават во улога на жртви и да бараат помош, напоменува Димитриевски.

Инаку, во пожарите кои беснееја во текот на изминатата недела настрадаа повеќе куќи во неколку рурални средини, штали и добиток, но нанесена е и непроценлива штета на шумскиот фонд.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply