Денеска продолжува судскиот процес во врска со жалбата на Асанж

Сподели со своите пријатели

Високиот суд во Лондон го заврши првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во Соединетите Американски Држави, а судењето треба да продолжи денеска, кога пред судот ќе се обратат американски адвокати.

Loading...

Во вторникот, адвокатите на Асанж први се обратија пред судот, велејќи дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека се прекршени човековите права на нивниот клиент, пренесува Би-Би-Си.

Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Адвокатот Ед Фицџералд КК рече дека не може да им се верува на американските гаранции за правичен третман, додавајќи дека неговиот клиент може да биде осуден на „грубо неправеден и непропорционален начин доколку биде екстрадиран“.

За време на сослушувањето, пред судот во Лондон се одржа протест на новинарите и поддржувачите на Асанж.

Продолжението на судењето е закажано за утре, кога пред судот ќе се обратат американските адвокати.

САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека може да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Порталот „Викиликс“ на Асанж стана познат во 2010 година кога објави видео на кое американската армија напаѓа десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс, во напад од хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година.

Loading...

После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден денеска му порача на „секој политичар и новинар“ дека не можат да го спасат рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, но можат да го спасат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кому му се заканува можна екстрадиција во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун