Данска испраќа воена помош од 247 милиони долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот Данска објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247,4 милиони американски долари и ги повика сојузниците итно да ги зголемат донациите за земјата за да и помогнат во војната против Русија.

Loading...

Вкупната помош на Данска за Украина од почетокот на руската инвазија пред две години се зголеми на 33,3 милијарди дански круни или 4,84 милијарди американски долари.

Данска е голем сојузник на Украина и е меѓу земјите кои најмногу ѝ помагаат во однос на големината на нејзината економија.

– Мора да се нагласи дека, ако сакаме Украина да биде успешна на бојното поле, сега мора да дојдат повеќе донации – им рече на новинарите премиерката Мете Фредериксен.

– Во оваа светлина, продолжуваме со нови донации со надеж дека повеќе земји ќе го сторат истото, не за шест или 12 месеци, туку сега кога потребата е многу, многу голема.

Данска, која заедно со Холандија и САД ја предводи коалицијата чија цел е да и помогне на Украина да формира воздухопловство, очекува да ги испорача првите борбени авиони Ф-16 на Украина ова лето, рече премиерот.

Данска, исто така, потпиша 10-годишен безбедносен договор со Украина со други сојузници, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Германија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...