Дали Украинците повторно ги нападнаа руските железници?

Сподели со своите пријатели

Началникот на областа Брјанск на западот на Русија на границата со Украина, Александар Богомаз изјави дека неидентификувана експлозивна направа експлодирала во реонот на железничката станица Снежетскаја во таа област и дека нема жртви.

Loading...

Богомаз во вторникот на Телеграм напиша дека експлозијата предизвикала локомотива и неколку вагони на товарниот воз да излетаат од шините.

Руските железници претходно соопштија дека локомотива и околу 20 вагони на товарен воз излетале од шините поради инцидент во областа Брјанск, на делницата Снежецкаја – Бела Берега.

Железницата соопшти дека нема жртви, а нема пожари, пренесе Интерфакс.

Богомаз претходно во понеделникот потврди дека дошло до нова експлозија на пругата во областа Брјанск, поради што локомотивата на товарен воз скокнала од шините.

Ниту во таа експлозија нема жртви, јави Интерфакс, а пренесе Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.