Дали роверот на НАСА ги пронајде првите потенцијални траги на живот на Марс?

Сподели со своите пријатели

Потрагата по траги што би укажале на тоа дека Марс некогаш имал некаков облик на живот, без разлика колку бил мал или голем, трае веќе со години.

Loading...

Во моментов, има дури три ровери на таа планета чија задача е иста – да најдат траги.

Но, група научници од НАСА сметаат дека можеби се на вистинскиот пат.

Во нивниот труд објавен во „Журнал за геофизички истражувања: Планети“, научниците објавија дека откриле траги од органски соли на површината на Црвената планета.

 

 

Тие тврдат дека овие соли можат да бидат остатоци од органски соединенија кои, теоретски, можат да поддржат микробиолошки организми.

Loading...

Тие велат „теоретски“ затоа што научниците имаат ограничени алатки за анализа, што го прави многу тешко точно да се дефинира дали се работи за органски или неоргански соли. Тие се потпираат на податоците што можат да ги добијат од двата инструменти на роверот Кјуриосити на НАСА.

САМ (Sample Analysis at Mars) ги согорува примероците на почвата и ги анализира гасовите што се појавуваат, со што се открива составот на примерокот. Токму овој инструмент сигнализирал дека може да се работи за органски соли. Но, ова допрва треба да биде потврдено од друг инструмент CheMin (Cemistry and Mineralogy Instrument).

 

 

– Ние се обидуваме да откриеме милијарди години органска хемија, и во таа органска трага може да биде крајната награда – доказ дека некогаш постоел живот на Црвената планета, рече водачот на студијата и органски геохемичар на НАСА, Џејмс Луис.

Со оглед на тоа дека ќе биде можно да се докаже дали се тие органски или неоргански соли само кога на Марс ќе пристигне ЕгзоМарс, ровер на Европската вселенска агенција, Луис и неговиот тим се овиделе да го повторат експериментот на Земјата.

Тие изгореле примерок од органски соли и го добиле истиот примерок на гасови како на Марс.

Loading...

Иако ова не е конкретен доказ и потврда за откривање на траги од живот на Марс, во моментов тоа е најдобриот поим што го имаат.

Leave a Reply