Црвен Крст Куманово со донации за социјално ранливите

Сподели со своите пријатели

Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово го посетија малиот Милош кој е роден со срцева маана и четиричленото семејство Трајановски од село Живиње, како и седумчленото семејство Трајковски од село Пелинце општина Старо Нагоричане кои живеат без струја со наследен долг од 35.000 денари.

Loading...

При посетата на семејствата волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово донираа хуманитарна помош во храна, облека, вода, кебиња, обувки, играчки за деца и новогодишни пакетчиња.

Под покровителство на ЕВН Македонија – КЕЦ Куманово, вчера волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија општините Липково и Старо Нагоричане (село Бајловце) и на 30 деца од социјално ранливи семејства им поделија новогодишни пакетчиња.

Leave a Reply