Четири лица тешко повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди при судир на „ауди“ и „мазда“ на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 30.10.2023 во 15.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во атар на с.Сув Орах, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(20) од с.Петровец, скопско и патничко моторно возило „мазда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(29) од с.Псача, општина Ранковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници,  А.Д.(18) од с.Петровец и С.Ц.(37) од с.Псача, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски