Тригодишно дете загина во сообраќајна несреќа
Вчеранавечер околу 20:30 часот на регионалниот пат Страцин – Кратово, кај селото Туралево се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби дете на тригодишна возраст. Детето било прегазено со возило марка „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, управувано од четириесет и петгодишниот Миле С. жител на селото Подржкоњ, Крива Паланка.Прочитај повеќе
