МВР откри тежок криминал – 21 лице се обвинети за прелевање капитал од Макпетрол во Оилко

Сподели со своите пријатели

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко.

Loading...

Десетте членови на Управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првоосомничениот, А.Ј.(63) кој се јавува во својство на Претседател на Управен одбор во Макетрол и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје, второосомнилениот С.Л.(60), како Член на Управен одбор и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО, заедно со останатите осомничени, според досега прибавените докази, се товарат дека во својство на службени лица, заради стекнување со противправна имотна корист, искористувајќи ја службената положба и овластување нанеле штета на акционерите на Макпетрол Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати АД Скопје во износ од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол АД во износ од 19.95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.

По формирањето на Оилко, меѓу фирмата „мајка“ “Макпетрол“ и фирмата ќерка „Оилко“ се склучени поголем број договори од кои според годишните биласни, целиот профит оди на страната на Оилко, додека Макпетрол бележи загуби.

Имено, при извршената анализа утврдено е дека во периодот од 2002 до 2007 година Макпетрол АД, Скопје работи со добивка и oстварило нето добивка во вкупен износ од 1.128.185.175 денари, а пак за период од 2007 до 2014 година Макпетрол АД-Скопје остварува нето загуба во вкупен износ од 446.626.307 денари.

ОИЛКО КДА – Скопје, во овој период работи со добивка и остварува нето добивка во вкупен износ од 230.408.250 денари што претставува сомнеж дека средствата од Макпетрол АД-Скопје се слеваат на сметка на ОИЛКО КДА-Скопје.