Тригодишно дете загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчеранавечер околу 20:30 часот на регионалниот пат Страцин – Кратово, кај селото Туралево се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби дете на тригодишна возраст.

Loading...

Детето било прегазено со возило марка „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, управувано од четириесет и петгодишниот Миле С. жител на селото Подржкоњ, Крива Паланка.

Откако удрил директно во тригодишниот Стефан, од силината на ударот детето починало на самото место на несреќата.

Полицијата допрва ќе ги утврдува причините за несреќата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.