Во село Гошинце е констатирана заразна болест кај добитокот позната како Шушкавец

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, на дежурниот број во РЦУК било пријавено дека во село Гошинце, општина Липково, е забележано  заболување на  крупен  добиток,  и  дека  досега има 6 угинати животни.

Loading...

На прашање дали лицето ја знае можната причина за појавата на болеста, во РЦУК добиле одговор дека селаните не се запознаени,  бидејќи не се обратиле до ветиринарни служби за лекување на животни.

Од страна на РЦУК, по повикот на лицето било реагирано до Ветиринарна станица Куманово, од каде по обиколка на селото добиле информација дека е константирана заразна  болест Шушкавец.

Од страна на Ветиринарната станица и жителите во с.Гошинце на кои им починале животни, било договорено да се превземат превентивни  мерки како болеста нема да се прошири и во другите села, но и да се  закопат  угинатите животни,.

На селаните, сопственици на крупен добиток им било укажано, во текот на денешниот ден да не ја пуштаат стоката на испасување, бидејќи ќе се врши вакцинација како превентна мерка од понатамошно  проширување на болеста.

Инаку, болеста Шушкавец се појавува кај говеда, овци и кози и се карактеризира со различна клиничка слика, но, најчесто  со смрт на животните. Оваа болест најчесто се превенира со вакцинација. Преживеаниот добиток треба да се премести од местата каде што се појавила болеста.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.