За православните верници, утре започнуваат Богородичните пости

Сподели со своите пријатели

Богородичните пости секоја година започнуваат на 14 август (св. 7 маченици Макавеи), и траат до 28 август кога православната црква го слави денот на Успение на Пресвета Богородица). По својата временска должина, тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.

Loading...

Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без масло, додека во сабота и недела се пости со масло , а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето, веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смее да се заборави и духовниот пост, напоменува црквата во пресрет на почетокот на постите.

Според народните верувања, празникот свети Седум маченици Макавеи е тежок празник, не се работи и според него се прогнозирало времето за цела година.