Две лица полесно повредени во сообраќајна незгода во село Опае

Сподели со своите пријатели

Во сообраќајна незгода што се случи попладнево во село Опае, општина Липково, две лица се полесно повредени, откако возилото во кое се наоѓалe пет лица,  удрило во задниот дел во товарно моторно возило со бугарски регистарски таблички, јавуваат очевидци од селото.

Loading...

Две лица кои се наоѓале во ПМВ марка ФИАТ поминале со полесни телесни повреди и се наоѓаат вон животна опасност.