Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 48.448, над 6.000 од нив се странци

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мехмет Нури Ерсој.

Loading...

„Повеќето од убиените странци се наши сириски браќа и сестри“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија.

Тој додаде дека работата на отстранување на урнатините продолжува, пренесува Анадолија.

Сојлу рече дека турските власти планираат да постават контејнери за сместување на повеќе од 115.500 семејства.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.