Брисел предлага ограничување на цените на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Европската комисија предложи ЕУ да постави ценовно ограничување од 100 американски долари за барел за руските нафтени деривати како што е дизелот и 45 американски долари за барел за другите деривати, објавија европските претставници.

Loading...

Предлогот е испратен до членките на ЕУ, чии претставници ќе разговараат за него на состанок попладнево со цел да се постигне договор пред да стапи на сила ограничувањето на цената на руските нафтени деривати на 5 февруари.

Ограничувањето на цената на руските нафтени деривати следи по сличното ограничување од 60 американски долари за барел воведено на 5 декември, пренесува Независне новине.

Ограничувањето на цената на руската нафта воведе и Групата седум најразвиени земји во светот Г7, Соединетите Американски Држави (САД), Јапонија, Канада, Велика Британија, Италија, Франција и Германија и ЕУ.

И двете ограничувања на цената на нафтата вклучуваат забрана за западните осигурителни и бродски компании да осигуруваат или транспортираат руска сурова нафта и деривати, освен ако не се купени по или под дозволената цена на нафтата.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.