Бездомниците во Финска живеат во станови со сауна, имаат бесплатна храна и помош да најдат работа

Сподели со своите пријатели

Финска е единствена земја на Европскат аунија во која стапката на бездомништво константно опаѓа. Во што е нивната тајна?

Loading...

Во бескомпромисното подарување на станбените единици, финскиот концепт на државата подразбира дека сите бездомници имаат право на постојано сместување, без дополнителни услови.

Авторот Џон Хенли за Гардијан опушува еден од таквите домови. Во прашање е двокатен блок со заеднички порстории во приземјето и спални со бањи на катот. Под заедничките простории спаѓаат големи дневнисоби и трпезарии, кујни, теретани и сауни, што во Финска не се смета за никаков посебен луксуз. На катот живеат вкупно 21 лице, и тоа мажи и жени претежно помлади од 30 години.

Претседателот на Финска седи на скали и патува со нискобуџетни компании

Основите на програмата „Housing First

Овој декомкратски концепт креиран е пред скоро десет години, а денес е познат по името „Housing First“. Она што му претходило најлесно може да се опише како класичен модел за пружање социјална помош во рамките на кој бездомниците минуваат низ разни варијанти на привремено сместување, додека постојаниот дом им се доделувал на самиот крај на процесот како награда. Од друга страна, „Housing First“ концептот поразбира дека сите бездомници имаат право на постојано сместување, без дополнителни услови.

Финска има 100.000 работни места и тоа е најголемиот проблем во државата

Од лансирањето на програмата „Housing First“ во 2008 година, бројот на бездомници во Финска опаднал за повеќе од 35 отсто. На ова најмногу влијаел фактот дека во првата фаза на програмата биле отворени 3.500 домови.

Loading...

Спиењето на отворено скоро е искоренето во Хелсинки во кој температурите во текот на зимата одат и од -20 степени.

Но, главниот квалитет на програмата не е сместувањето, туку услугата која тука ја пружаат стручни негуватели.

Имено, многу бездомници се борат со болести на зависност, имаат проблеми со ментално здравје и патат од здравствени состојби кои бараат постојана нега. Во споменатиот хостел Рукила, на пример, седум негователи внимаваат за 21 станар.

Финска ги укинува сите училишни предмети

Станарите во домовите обично се задржуваат околу две до седум години, додека целосно не бидат самостојни.

Благодарение на оваа програмата, станарите доаѓаат до работни позиции, што им овозможува да плаќаат мала станарина.

Loading...

Колку тоа ја чини државата?

Податоците покажуваат дека во случајот со пружање соодветна нега и сместување, едно од овие лица Финска ја чини 15.000 евра годишно, а земајќи ја предвид вистината на трошоците во Скандинавија, оваа сума воопшто не е голема.

Финска на своите граѓани ќе им дели по 560 евра месечно

Финска, инаку, за потребите на проектот „Housing First“ потрошила 250 милиони евра за купување и прилагодување нови објекти, а покрај тоа вработила 300 негователи и помошни работници.

Хелсинки во броеви

Во сопственост на градот се наоѓаат 60.000 станбени единици, што значи дека еден од седум жители живеат во станови сопственост на градот. Хелсинки исто така поседува 70 отсто од земјиштето во рамките на градските едидници, има сопствена градежна компанија и моментално планира да изгради уште 7.000 нови домови годишно.

Во секој нов округ, градот одржува строг „станбен микс“ за да ја ограничи социјалната сегрегација. Тоа значи дека 25 отсто се единици за социјално домување, 30 отсто субвенционирани станови, додека 45 отсто припаѓаат на приватниот сектор. Потребно е да се нагласи дека Хелсинки исто така планира на видливи разлики меѓу приватното и јавното домување.

Изнајмете Финец и научете да бидете среќни

Loading...

Во цела Финска денеска живеат околу 5.500 бездомници. Но, олеснувачка околност е што 70 отсто од нив живеат привремено кај пријатели или семејствата.

– Ниту еден модел не е совршен, се уште ги броиме неуспесите, но горди сме што имавме храброст тоа да го пробаме, велат властите.

Leave a Reply