Финска на своите граѓани ќе им дели по 560 евра месечно

Сподели со своите пријатели

За две илјади Финци државата од идната година ќе им овозможи вистинска утопија. Ќе добиваат пари секој месец без никакви обврски, па дури нема да мора да бараат работа. Станува збор за експериментално воведување на т.н. основен универзален додаток.

Познат по англиската кратенка УБИ (universal basic income), основниот универазел додаток за некои е замка која на работодавачите ќе им овозможи да отпуштаат вработени со мирна совест, додека за други тоа е нешто што ќе ја зголеми потрошувачката и ќе го искорени сиромаштвото.

Во секој случај, утопискиот сон во кој никој не е на улица, ниту гладен, не носи крпеници и секој месец има сигурен приход за кој не мора да исполнува никакви услови се шири и во другите земји и експериментално се пробува во Холандија и канада, а за тоа се расправа и во нов Зеланд.

За ваквата идеја веќе со децении се расправа и се ситакнува дека со тоа ќе се искорени сиромаштијата во земјите во кои храната и облеката, а и становите всушност ги има премногу, па изгледа изобличено тоа што многумина трпат од оскудицата.

Интересно е тоа што за основниот додаток се залагаат и некои неолиберални економисти, уште од Милтон Фридман. Финците за тоа имаат расправано до 9 септември, а сега и без анализирани резултати од расправата, одат во примена од 1 јануари 2017 година. По случаен избор невработените 2.000 лица ќе земаат по 560 евра месечно.

По две години анализирајќи го однесувањето на таа група невработени во спроедба со еднкава група која и натаму редовно ќе прима редовна парична надокнада од бирото, која исто така изнесува 560 евра. разликата е во тоа што вработените ќе може да се вработат задржувајќи го приходот од 560 евра, додека останатите невработени ќе ја изгубат таа можност ако најдат работа.

 

Loading...