Финска ги укинува сите училишни предмети

Сподели со своите пријатели

Финската влада напарвила голем чекор во едукацијата така то станува првата земја во светот која ќе ги укине сите училишни предмети.

Наместо децата материјалот да го слушаат по разни предмети, голем број светски настани ќе бидат сместени низ еден интердисциплинарен систем и ќе се согледуваат во целина. Марио Килонен, директорка на Одделението за едукација во Хелиснки, вели:

Постојат училишта кои се уште се придржуваат до старомодниот начин кој се користел во почетокот на 20 век. Но, денешните потреби се поразлични па треба да направиме нешто да се вклопи во 21 век – вели килонен.

На пример, ако учениците го слушаат предметот „Работа во кафетерија“, тие го разбираат јазикот, комуникацијата и основи од економија. Втората светска војна ќе може да се изучува низ историја, книжевност, географија и математика одеднаш.  Учениците постари од 16 години ќе можат сами да избираат теми кои сакаат да ги проучуваат соработувајќи едни со други. Наместо да седат во уликниците и да чекаат колку минути преостанале до крајот од часот, ќе можат да расправаат и да се обидат да ги решат проблемите сами.

Ова им овозможува и подобра интеракција со наставниците, што со другите ученици. Новиот систем би требало на младите да им ја крене самодовербата и да им даде поголема контрола над самата едукација. Исто така би требало да се подобрат социалните вештини  и самоистражувањето.

Новиот систем нема да блијае само на учениците, туку и на наставниците. Ќе мора меѓусебно повеќе да соработуваат и да ги планираат лекциите, да асправаат за новиот пристап на подучувањето.

Некои наставници кои веќе започнале со ваква метода на работа се презадоволни и велат дека не сакаат да се навраќаат на старото.

 

Loading...