Белгород: Три лица загинаа во пад на украински дрон, меѓу кои и едно дете

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во напад на украински дрон врз Белгород, соопшти денеска гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

Loading...

„Поради падот на дронот уништени се две станбени згради, а оштетени се и неколку згради и автомобили. Загинаа три лица, од кои едно мало дете“, напиша Гладков на Телеграм, пренесува Тас.

Тој изјави дека уште две лица се во критична состојба и се на интензивна нега.

Лекарите прават се за да ги спасат животите на ранетите“, рече Гладков, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.