„Бејби бум“ во хрватско училиште: Дури осум вработени трудни во исто време

Сподели со своите пријатели

Во основното училиште „Петар Предадовиќ“ во Хрватска дури осум вработени чекаат принова во семејствата, а со добрата вест се пофалија на својот Фејсбук профил.

Loading...

И додека некои се подготвуваат за доаѓањето на своето прво бебе, некои веќе ги почувствувале шармите на мајчинството“, пишуваат од основното училиште на Фејсбук.

– Во основното училиште владее вистинска еуфорија – дури осум вработени се во слатко исчекување на принова. И додека некои се подготвуваат за доаѓањето на своето прво бебе, некои веќе го почувствуваа шармот на мајчинството. Хелена Ивандија, Инес Топиќ, Хелена Бакан Кегл, Кристина Пртењача, Ана Илениќ Вамповац, Нивес Тишљар, Ведрана Филиповиќ Мариниќ и Инес Фережа ќе се пробаат во една од најпредизвикувачките и најубавите улоги во животот во наредните месеци – напишаа на социјалните мрежи од училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случи кога Индија го забрани ТикТок?

– Од срце им честитаме на нашите прекрасни идни мајки и им посакуваме многу, многу среќа и радост! – додаваат оттаму.