Бебето со месеци било во кома, се разбуди и се насмевнало: Борбата за животот штотуку започна

Сподели со своите пријатели

Четиринаесетмесечниот Мајкл од Велика Британија се разбудил од петдневна кома, го препознал својот татко и се насмевнал како што само бебињата можат да се смеат.

Loading...

– Ова е моментот кој ќе го чувам со секој дел од моето срце. Да бидам искрен, ова е најсреќниот момент во мојот живот. Тој е вистинско чудо и никогаш не сме биле погорди со него – раскажува мајката за бебето, Ема Лабушањ, за Си-Ен-Ен.

Трудница минала низ пекол кога открила дека е алергична од бебето што го носи (видео)

Таа и нејзиниот сопруг Стјуарт се ужаснале кога откриле дека нивниот син не дише рано утрото на 16 март.

Мајкл доживеал акутен срцев удар во домот, а болничарите го шокирале со дефибрилатор и му дале инјекција со андреналин за да го стабилизираат срцевиот ритам.

Кога пристигнале во болницата, лекарите го ставиле бебето во медицинска кома за да го заштитат неговиот мозок од оштетување. Било откриено дека Мајкл има тумор на срцето, што може да го блокира протокот на крв во најважниот орган.

Вероника го изгубила памтењето поради болест, за неа секој ден е претажен

Туморот на Мајкл е широк околу пет сантиметри. Тоа е огромно во споредба со срцето на бебето, со големина на тупаница.

Loading...

Лекарите велат дека состојбата на Мајкл е толку ретка што ниту еден хирург во Велика Британија не е доволно квалификуван за да го отстрани тумор.

Семејството сега има две опции – да го стави името на Мајкл на списокот на оние кои чекаат за трансплантација на срце или да најдат хирург надвор од земјата.

Ема и Стјуарт пронашле соодветна установа во САД, Детска болница во Бостон, каде во последните 10 години стапката на преживеани од срцев тумор е 100 проценти.

Детето камен не смее да излезе од дома, има болки и сите се плашат од него (видео)

– Ја истражувавме болницата и особено кардиохирурзите, д-р Педро дел Нидо и д-р Тала Гевју. Тие имаат 100 проценти стапка на успех и одлична репутација. Веднаш знаевме дека мораме да пробаме “, вели Ема.

Операцијата чини околу 147,000 американски долари, без вклучени други патни трошоци, од патување, земање слободни денови од работа до закрепнување.

Родителите се решени да му го обезбедат на својот син потребниот третман, без оглед на трошоците.

– Кога добивме одговор од болницата во Бостон, потврдувајќи дека Мајкл е добар кандидат за операција, не беше важно колку чини. Ќе дадеме пари за да го спасиме животот на нашето дете – истакнува Ема.

Loading...

Тој е најиновативниот професор и татко на дете со редок синдром (видео)

Таа веднаш отвори страница на „GoFundMe“ за да собере пари за операцијата и рече дека реакцијата на јавноста е неверојатна.

– Добивме добри желби и донации од целиот свет. Ние сме неверојатно благодарни “, додава Ема.

Мајкл во моментов има внатрешен дефибрилатор и пејсмејкер за да го поддржува неговото срце.

Ема вели дека зема лекови четири пати на ден, поради што страда од несакани ефекти како што се болки во стомакот, дијареја и чувствителност на кожата, па затоа не треба да излегува на сонце.

МЕДИЦИНСКО ЧУДО: Родила син на пет години, историјата ја знае како најмлада мајка во светот

 Семејството се надева дека ќе оди во Бостон на операција во април, и дотогаш ќе внимаваат на Мајкл.

– Кога ќе го погледнете, тој е исто како и секое друго бебе. Секогаш насмеано. Ние сме многу благодарни што го имаме, дури и со сите овие медицински проблеми – заклучува Ема.

Loading...

Leave a Reply