Тој е најиновативниот професор и татко на дете со редок синдром (видео)

Сподели со своите пријатели

Џефри Рајт е добро познат во средното училиште во Луисвил, Кентаки., Тој е познат како наставник по физика, кој во наставата вклучува експлодирање на тикви, удирање со чекан додека професорот е легнат на шајки, и уште многу интересни експерименти кои практично ги објаснуваат  законите на физика.

Loading...

Но, како што вели професор Рајт, тој тоа го прави за да учениците не му заспијат на часови, објаснувајќи го смисолот на животот, љубовта и семејството на своите ученици, притоа користејќи ја приказната за неговиот син.

Неговиот син, Адам, кој сега има 12 години, боледува од ретка болест наречена синдром Жубер, во кој дел од мозокот задолжен за балансирање и движење на телото не успеал да се развие правилно.

Неговиот син е лице со оштетен вид и не може да ги контролира неговите движења. Адам дише брзо и не зборува.

Професор Рајт, суровата приказна за својот син ја користи како порака до учениците да го сфатат животот од една поинаква перспектива, и да не бараат одговор на некои прашања, бидејќи одговор не постои. Токму како во приказната за неговиот син, кога тој и неговата сопруга стопати на ден се запрашале зошто од само 417 заболени во светот, меѓу нив се нашол и нивниот син.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.