Трудница минала низ пекол кога открила дека е алергична од бебето што го носи (видео)

Сподели со своите пријатели

Била шокирана кога открила дека боледува од ретка алергија предизвикана од нејзиното неродено бебе кое го носела во стомакот, пренесува „The Sun“.

Црвениот осип се појавил преку ноќ, недела пред да го роди својот син кој го нарекла Изаиах.

СЕ ПОРОДИЛА „МРТВА ПИЈАНА“: Лекарите занемеле кога го прегледале бебето

Loading...

Болните црвените дамки првин се појавиле на стомакот, а потоа се прошириле на грбот и низ нозете. Меѓутоа, неколку часа по породувањето осипот исчезнал.

И била дијагностицирано пренатала состојба, позната како полиморфна ерупција на бременоста. Оваа алергија не е опасна за мајката, ниту за детето, но предизвикува големи болки.

Лекарот ми рече дека сум алергична на своето бебе. Сум видела и други случаи на жени кои го имаатовој проблем, но никогаш не изгледаше вака лошо како кај мене – вели Самер.

Самер, која доаѓа од Австралија има 29 години и била навистина возбудена кога дознала дека е трудна. Уживала во бременоста се додека едно утро не забележала необични стрии на нејзиниот стомак.

Црвените дамки започнале да предизвикуваат чешање па морала дапобара креми за да ја ублажи алергиската реакција. Меѓутоа, кремите не биле доволни да го решат нејзинито проблем па морала да бара помош во алтернативните лекови.

Ја тужел сопругата затоа што му родила грдо дете

Се обидела да се капе во смеса од житарици, за коис е верува дека имаат антивоспалителни својства. Но, и натаму немало олеснување. Четири недели подоцна повторно отишла кај лекарот кој и препишал уште повеќе креми.

Се разбудив едно утро со многу црвени стрии на мојот стомак. Мислев дека тоа е нормално, но ова всушност е неправедно. Одеднаш имаше се повеќе стрии. Со нив започна да се појавува и чешање кое бргу се ширеше. Тоа предизвика ужасно чешање. Навистина бев во голема гонија – вели Самер.

Самер потенцира дека не смеела ниту да се капе, затоа што водата и пречела на кожата.

Повраќав, а  ноќе не можев да спијам – додава Самер.

Медицински феномен: Родила 11 бебиња без царски рец (видео)

Лекарите до сега немале видено ваков случај.