Бајден: Односите меѓу САД и Кина се на добар пат

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека мисли оти односите меѓу САД и Кина се на добар пат и оти е постигнат напредок за време на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.

Loading...

– На вистинскиот пат сме, изјави Бајден на новинарите на настан во Калифорнија поврзан со климата, зборувајќи за односите меѓу САД и Кина.

На прашањето дали мисли дека е постигнат напредок, тој рече: „Постигнат е“.

Бајден го пофали Блинкен за „одлична работа“. Тоа беше прва посета на американски државен секретар на Кина од 2018 година.

За време на посетата на американскиот државен секретар на Кина и разговорите со претседателот Си Џинпинг, двете страни рекоа дека е постигнат напредок, но Блинкен рече дека има некои работи за кои двете земји длабоко не се согласуваат.

Освен прашањето за Тајван, тоа се технолошки војни, американски санкции против кинеските дигитални гиганти, трговски прашања, односот кон муслиманската заедница Ујгур и кинеските претензии за Јужното Кинеско Море.