Азиските берзи заздравуваат, пад на доларот и златото

Сподели со своите пријатели

Најширокиот индекс на Азиско-пацифичките акции МСЦИ, без исклучок на Јапонија, изгуби дел од своите добивки од утринското тргување, но сепак беше затворен со плус еден процент.

Loading...

Акциите на повеќето азиски пазари го продолжија закрепнувањето веќе втор ден по ред, и ги зајакнаа новите пазари во развој, кои се сметаат за ризични за инвестирање, бидејќи инвеститорите се охрабрени со сигнали дека кризата со коронавирост во Њујорк може да се олесни и да се повлече во Европа.

Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот

Денешниот раст на берзата имаше помал интензитет од понеделникот, но истиот е пријавен во целиот регион, и покрај фактот дека бројот на заболени од вирусот Ковид-19 на глобално ниво продолжува да се зголемува и економскиот пад достигнува невидени размери.

САД се подготвуваат за најтешката недела во борбата против пандемијата што досега однесе повеќе од 10.000 животи во земјата, а преку Атлантикот, британскиот премиер Борис Џонсон е хоспитализиран и е на интензивна нега бидејќи има симптоми на Ковид-19.

Индексот на јапонската берза Никеи порасна за два проценти, неутрализирајќи ги повеќето загуби од минатата недела, откако премиерот Шинзо Абе најави огромен економски стимулативен пакет од 991 милијарди американски долари, што е еднакво на 20 проценти од бруто домашниот производ.

Старица од Шпанија на 110 години му пркоси на коронавирусот

Акциите на американскиот фјучерс пазар утрово паднаа 0,2 проценти, откако во понеделникот скокнаа седум проценти на Вол Стрит.

Loading...

Берзите во Сеул, Шангај и Хонг Конг беа во пораст на отворањето на тргувањето, но во текот на денот добивките беа намалени. Австралискиот индекс ASX 200 се „лизна“ во црвено.

На девизните пазари, активноста беше засилена од стравувањата дека предвременото укинување на вонредната состојба може да доведе до нов бран на зараза, како и претпазливост за падот на БДП во земјите во светот.

Американскиот долар, кој се зајакнува со недели, падна наспроти повеќето од најголемите светски валути.

Поради влијанието на коронавирусот врз трговијата се заканува недостаток на храна

Австралискиот долар се засили во однос на американскиот ривал за 0,5 проценти, достигнувајќи 0,6122 американски долари, што е пренегов еднонеделен максимум.

Новозеландскиот долар исто така се зголеми за 0,6 проценти на 0,5958 американски долари, додека јенот, традиционално безбедно засолниште за инвестирање во време на криза, објави добивка од 0,4 проценти во однос на американскиот долар, тргувајќи на 108,75 јени за доларот .

Цените на нафтата се стабилизираа покрај надежите дека најголемите светски производители ќе постигнат договор за намалување на производството на видео-конференцијата објавена на 9 април.

Оваа држава го забрани зборот „коронавирус“, ги апси оние кои носат маски

Loading...

Северноморската нафта Брент порасна за 66 центи или 2,0 проценти на 33,71 американски долари за барел, откако во понеделникот падна за повеќе од три проценти. Американска WTI нафта порасна за 83 центи на 26,91 долари за барел.

Цената на златото падна за 0,2 долар и изнесува 1,657,31 $ за унца.

Leave a Reply