Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Германците кои се придржуваат до законот ревносно ѝ помагаат на полицијата да открие луѓе кои не ги следат новите правила за држење дистацна, со цел да се забави ширењето на коронавирусот со пријавување не само странци, туку пријатели и соседи.

Loading...

Полициските службеници низ цела Германија добиваат извештаи за разни прекршувања на правилата, од „корона забави“ до луѓе што одат во викендици, пренесува Ројтерс.

„Добиваме извештаи за отворени ресторани или големи собири на луѓе во парковите“, рече една портпаролка на полицијата, додавајќи дека полицајците се подготвени да одговорат според информациите добиени од граѓаните.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион

Правилата воведени во март во таа земја предвидуваат затворање на ресторани, пабови и спортски објекти и забрана за собирање луѓе.

Како резултат на сето тоа, полицијата е пренатрупана со работа, а како што се зголемува бројот на заразени и жртви од коронавирусот, нема индикации дека овој тренд ќе се намали.

Leave a Reply