Австријците би сакале да ја укинат функцијата претседател

Сподели со своите пријатели

Само неколку дена откако австрискиот претседател Александар ван дер Белен ја објави својата кандидатура за втор мандат, Австрија покажува дека една третина од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, а силна третина сметаат дека позицијата шеф на државата е непотребна.

Loading...

Дури 37 отсто од Австријците во анкета за телевизијата АТВ гласале за укинување на претседателската функција.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Од друга страна, 48 отсто од Австријците сметаат дека оваа функција, која е порепрезентативна, треба да се зачува.

Најголем дел од оние кои се за укинување на функцијата претседател, со 57 отсто, се меѓу поддржувачите на Партијата на слободата на Австрија (ФПО).

 

Loading...

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

 

Кога станува збор за изборите, според истражувањето на јавното мислење спроведено за неделникот „Профил“, моментално 46 отсто од Австријците би гласале за Ван дер Белен.

Дополнителни 23 отсто би гласале за друг кандидат.

Дури 31 отсто изјавиле дека не сакаат да одат на претседателски избори.

 

Германија подготвува резервен план ако Русија го прекине гасот

 

Loading...

За споредба, на изборите за вториот мандат на претседателот Хајнц Фишер во 2010 година на гласање излегле само 53,6 отсто од граѓаните.