Астероид мина крај Земјата, а ниеден сателит не го забележа

Сподели со своите пријатели

Астероид голем колку камион мина близу Земјата и е еден од најблиските кога било регистрирани во историјата. Меѓутоа, ниеден од сателитите во Земјината Орбита не го забележа.

Loading...

Астероидот 2020-ЈЈ мина крај Земјата на оддалеченост од 7.000 километри, а во астрономска терминологија тоа важи за мала близина.

Северниот пол се доближува до Русија 60 километри годишно, а еве што тоа ќе донесе во иднина

Вселенското тело го забележа опсерваторијата Маунт Лемон сурви во американската сојузна држава Аризона, во мигот кога тоа бил најблиску до нашата планета.

Според податоците на НАСА, 2020-ЈЈ е шести на листата вселенски тела коишто најмногу се доближиле до Земјата изминативе 100 години.

Може да се види со голо око: Откриена црна дупка најблиска до Земјата

Оттаму наведуваат дека, доколку астероидот одел директно кон Земјата, најверојатно би согорел во атмосферата.

Извор: Сител

Leave a Reply