Северниот пол се доближува до Русија 60 километри годишно, а еве што тоа ќе донесе во иднина

Сподели со своите пријатели

Со текот на годините, северниот магнетски пол на Земјата се приближува брзо од Канада во Русија, а група европски научници тврдат дека развиле модел што може со сигурност да го опише овој феномен.

Loading...

Користејќи ги податоците собрани преку сателит, авторите на научната студија, координирани од Универзитетот во Лидс во Велика Британија, измериле промени во магнетното поле на Земјата во текот на изминатите 20 години, во обид да создадат модел што ја покажува смената на северниот магнетски пол, пренесува BBC.

12 локации на кои се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави (ФОТО)

Моделот развиен од научниците покажува дека северниот магнетски пол, кој досега се движел максимум 50-60 километри годишно, ќе продолжи да оди во Русија!

Тие исто така рекоа дека неговото движење ќе забави со текот на времето, но невозможно е да се превиди дали ќе се врати на својата претходна позиција во иднина.

Поради промените во движењето на стопеното метално јадро во внатрешноста на планетата, постои промена во јачината на негативниот магнетски флукс во областите над неа, поради што северниот магнетски пол од арктичкиот регион на Канада се пресели во Сибир, преминувајќи ја Меѓународната датумска граница.

Како изгледа животот на островите кои наскоро би можеле да исчезнат?

Кога станува збор за секојдневниот живот, брзото движење на северниот магнетски пол на Земјата доведе до потреба од почести ажурирања на системите за навигација, вклучително и оние што се користат за прикажување географски карти на мобилните телефони.

Loading...

Leave a Reply