Астероид голем како Монт Еверест ќе мине крај Земјата

Сподели со своите пријатели

Астероидот треба да премине крај Земјата на 29 април, но научниците не очекуваат судир.

Loading...

Наречен 52768 (1998 OR2), има дијаметар од 1,6 до 4,1 километар и ќе биде на 6.290.589 километри од Земјата за време на минувањето, според Центарот на НАСА кој следи вселенски објекти што би можеле да се судрат со Земјата.

НАСА има таен протокол за удар на астероид во Земјата

Астероидот за прв пат бил откриен од НАСА во 1998 година, а во тоа време, се вели дека бил доволно голем за да предизвика глобални последици во случајот да ја погоди Земјата, пренесува Дејли Меил.

Откритието на 58768 се случило откако НАСА ја инсталирала најновата компјутерска технологија за да се забрза потрагата по предмети што би можеле да се судрат со Земјата, според лидерот на проектот, д-р Стивен Правдо.

Leave a Reply