Америка испраќа уште 400 милиони долари воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден испраќа до 400 милиони долари дополнителна воена помош за Украина, која вклучува различни муниции за напредни системи за противвоздушна одбрана и повеќе микро дронови за надгледување Хорнет, изјавија американски официјални лица за АП под услов да останат анонимни.

Loading...

Меѓу другото, пакетот вклучува муниција за ракетните системи HIMARS и софистицираните системи за противвоздушна одбрана НАСАМС, како и преносливите ракетни системи Стингер и противтенковските системи Javelin.

Оружјето ќе биде обезбедено преку претседателско овластување, што ќе му овозможи на Пентагон брзо да испорачува предмети од сопствените резерви во Украина, често во рок од неколку дена, според АП.

Досега, САД обезбедија повеќе од 41 милијарда долари воена помош за Украина, од почетокот на рускиот напад врз оваа земја во февруари минатата година, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.