Алексеј од Куманово победи на тениското првенство за јуниори

Сподели со своите пријатели

Во Куманово викендов се одржа Отворено првенство за јуниори и јуниорки до 12 години.

Loading...

Домаќин беше Тенискиот клуб ,,Тумба” од Куманово, кој повторно се покажа во најдобро светло, со гостопримството и одличната организација, благодарение на целокупниот тим на ТК Тумба.

Целокупниот турнир се помина во фер и спортска атмосфера, благодарение на јуниорите, кои пред сѐ, се пријатели, а после противници на турнирот.

Учествуваа околу дваесеттина јуниори и шеснаесет јуниорки од цела Македонија, но само најдобрите се пласираа во финалето.

Алексеј Стојановски од Т.К. ТУМБА – Куманово, во финалето кај јуниорите, во борба против Иван Трпковски, од Т.К. Чери – Скопје, го освои првото место со извонреден резултат 6:2 – 6:2 и стана шампион на турнирот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Со ова, Алексеј ја одбрани победничката титула на истиов турнир од минатата година.

 

Loading...

 

– Ова е само уште една од низата титули за нашиот кумановски шампион, со кој продолжуваме да се гордееме и му посакуваме уште многу успеси, информираат од клубот.

Во женска конкуренција, првото место го освои Ива Остоиќ од МТП- Скопје, која ја победи Деа Крстевска од Т.К. Битола, со резултат 6:1 – 6:4.

Претставници од Т.К. ТУМБА, од Куманово, во машка конкуренција беа и Алексеј Стошиќ, Алек Јакимовски и Калин Андов, додека во женска беа Зана Џемаили, Кјара Ивановска и Јована Спировска.

 

 

Останатите членови, Теодора Божиновска, Софија Милошевиќ и Софија Трајковска, од оправдани здравстени причини, не беа во можност да се претстават на одржаниот турнир.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

– Им упатуваме големи честитки на најдобрите, но и на останатите, кои имаа храброст да учествиваат и достојно го претставија клубот, како и секогаш и нека ова биде потстрек за уште поголеми достигнувања во оваа тековна сезона, велат од ТК Тумба.

Интегрално соопштение