Афера која го тресе Дубаи: Избега најмладата жена на шеикот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум, се обидела да избега од својот строг татко, се пренесе веста дека истото го направила и неговата сопруга.

Loading...

Најмладата сопруга на владетелот на Дубаи со месеци внимателно го планирала бегството во Лондон и тоа откако нејзиниот маж, Мухамед бин Рашид Мактум, ја лажел дека ја мачел својата постара ќерка.

Пријателите рекле дека принцезата Хаја Бинт ал Хусеин избегала од Дубаи кога слушнала како шеикот Мухамед ја третира својата ќерка. Не сакала неа да ја најде истата судбина.

Иако шеикот тврди дека Латифа била киднапирана и жртва на изнуда па морале да ја враќаат во Дубаи, таа самата вели дека тоа не е вистина и дека се обидела да избега и да започне нов живот во САД.

Се претпоставува дека принцезата Хаја (45) се крие во Велика Британија со двете деца, а подготвена е за повеќемилионски развод и борба за старателство над децата.

Хаја од Дубаи заминала во мај, првин во Германија, а потоа во Велика Британија.

Шеикот против неа покренал тужба, а сослушувањето е закажано за 30 јули.

Медиумите пренесуваат дека се наоѓа во 85 милиони фунти вредна куќа во западен Лондон каде го чека сослушувањето.

Loading...

Принцезата Хаја е една од шестте жени на шеикот Мактум.

Латива, (33) избега на јахта минатата година, но не стигнала далеку затоа што ја привеле специјалните единици и сега е во затвор. Пред да биде фатена, снимила низа снимки на кои рекла дека нејзиниот живот е лага и дека била мачена.

Наводно, уште како тинејџерка се обидувала да избега поради што минала две години во затвор.

Кога Хаја сфатила дека шеикот бил подготвен и сопствената ќерка да ја стави во затвор, започнала да стравува и за своите деца.

Инаку, Хаја и Латифа немале многу врски една со друга и не се среќавале често. Живееле во различни палати и немале заеднички пријатели, но работите се промениле по посетата на поранешната ирска претседателка Мери Робинсон која започнала да поставува прашања за враќањето на Латифа во Дубаи.

Leave a Reply