83-годишна кумановка измамена за 10.000 евра

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и тригодишна кумановка е најнова жрвта во измамите со лажни сообраќајни незгоди, при што останала без 10.000 евра.

Loading...

– На 10.12.2023 во 18.30 часот во СВР Куманово, 83 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена за сума 10 000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, најпрвин на 10.12.2023 и се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија ѝ била потребна одредена сума на пари за да се изврши операцијa и дека наскоро ќе ѝ се јави лекарот да се договорат за износот на опeрацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор.

Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измамена.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски