67-годишен кумановец не седел во изолација, заработи кривична

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишен кумановец кој се вратил од Белгија, полицијата не го пронашла во својот дом, при што му поднесе кривична пријава.

Loading...

-На 19.03.2020 година до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што појаснуваат од полицијата, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.03.2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18.03.2020 истиот не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Никола Ивановски

Leave a Reply