504 казни за брзо возење низ државата, најмногу во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата во текот на вчерашниот ден напишала дури 504 казни за брзо возење, а најголем дел од нив биле напишани на подрачјето на Куманово.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.

Никола Ивановски

Leave a Reply