25-годишен Албанец приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен државјанин на Албанија вчеравечер бил приведен на Граничниот премин Табановце, поради употреба на патна исправа од друго лице.

Loading...

– На 30.10.2020 во 20,00 часот на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен Л.А.(25) од Р.Албанија за кого, при пасошка контрола, било утврдено дека употребил патна исправа на друго лице – Л.Н.(30) од Р.Албанија, а од причина што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите во ЕУ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово, за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply