Сончево до умерено облачно со ниски температури ширум земјата

Сподели со своите пријатели

Сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, , информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура нема да надмине 0 степени целзиусови. Во текот на ноќта живата во термометарот ќе падне околу осмиот степен под нулата.

Утре денот ќе го започнеме со ведро и студено утро, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -11 до -4, а дневната од 0 до 7 степени.

Следуа период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено утре, кога на повисоќите места ќе се спуташтат и под -10 степени. Дневните температри до петок ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ке има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.