Излезеноста во Општина Куманово до 13 часот е 31,11%

Сподели со своите пријатели

Вкупно 27.679 гласачи од вкупно 89.427 регистрирани гласачи во втората изборна единица во Општина Куманово, односно процентуално тоа е 31,11%, информираат од Државната изборна комисија.

Најголема излезеност од избирачките места во Општина Куманово има регистрирано на избирачкото место број 1098/1 каде гласале 51,11% од вкупниот број регистрирани гласачи, додека најмала излезеност од 11,67% има на избирачкото место број 1017.

Во Општина Старо Нагоричане излезеноста до 13 часот изнесува 32,61%, односно 990 од 3.039 гласачи го оствариле своето право на глас.

Во Општина Липково со 19,79% излезеноста е најмала во втората изборна единица. Своето право на глас во оваа општина го искористиле вкупно 4.772 гласачи од вкупно 24.351 лице.

Општа излезеност во Република Македонија, споерд податоците на ДИК до 13 часот изнесува 34,83%.