И за денес најавени обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, пообилни ќе бидат во западните и северозападните делови на земјава, каде наместа се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец но повеќе ќе биде застапен во западните подрачја. Минималните температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека максималните днвни ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со сосема мали сончеви периоди и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 13 степени. Во текот на ноќта ќе имаме температура од 10 степени целзиусови и појава на врнежи од дожд.

В среда сеуште ќе има врнежи од дожд, но се очекува да бидат послаби и локални. Потоа следува период на стабилно и суво време.