До сабота сончево и топло, од недела дожд и мало заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Жолта фаза, Центарот за управување со кризи прогласи за регионите од централниот и источниот дел на Македонија

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степен, додека максималните дневни ќе достигнуваа вредности од 30 до 38 степени целзиусови. Индексот на УВ зрачењето ќе биде висок со вредност 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно сончево време и температура до 34 степен. Во попладневните часови ќе следува заоблачување која ќе донесе услови за дожд и грмежи, а ќе дува и слаб североисточен ветер.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време, а дневните температури вдолж Повардарието ќе имаат надпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури постепено ќе опаѓаат.

 

Loading...