Бојан Илиќ го претставуваше Куманово на ММА турнирот во Хрватска (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Викендот што измина на ММА турнирот кој се одржа во Книн, Република Хрватска учество зеде и членот на ММА Клубот Куманово 2006, Бојан Илиќ кој се сретна со Ангелко Китиќ од Пула во категоријата до 93 килограми.

 

Loading...

 

Во борбата во Илиќ имаше предност на самиот почеток и беше во одлична позиција, но направи грешка која противникот паметно ја искористи и ја освои победата.

Морам да напоменам дека пред се Китиќ има поголемо искуство и долгогодишно учество на вакви турнири, а за Бојан Илиќ времето допрва доаѓа. И покрај поразот јас како тренер сум презадоволен од она што нашиот сограѓанин го покажа и очекувам успеси во иднина – вели Сашо Илиевски, тренер на ММА клуб Куманово.