Зошто најчесто киваме три пати? Од каде потекнува „На здравје“? Се што не сте знаеле за кивањето!

Сподели со своите пријатели

Луѓето не киваат само додека спијат, а алергиското кивање честопати предизвикува појава на кивање во низа.

Loading...

„На здравје“ се вели уште од времето на античките Грци и Римјани

Среде сезоната на настинки, секој ден слушаме кивање, или киваме самите. И како што трае зимата, со доаѓањето на пролетта, доаѓа нов бран на кивање – податоците откриваат дека секој седми човек денес е алергичен на полен, без разлика дали е во посилна или послаба форма.

Зошто се јавува икањето?

Но, она што е интересно е фактот дека ретко се кива еднаш, туку обично е сериски – три пати.

Зошто е така и зошто воопшто киваме, објаснуваат научниците.

Некој кива повеќе, а некој помалку

Како прво, треба да се истакне дека предизвикувачите на кивање се многубројни, од прашина и болести, алергии, изложеност на сончева светлина до емоционални реакции, а вистински виновник за кивањето е слузницата во носот и грлото, затоа што го контролира рефлексот на кивање, па затоа некои луѓе се повеќе склони кивање, а други помалку.

Loading...

Како се прави временската прогноза и зошто понекогаш е погрешна?

Кивањето, во медицинскиот речник исто така се нарекува стернутација, а кога нешто ќе го иритира носот, нервите сместени таму испраќаат сигнал до мозокот, што пак создава низа промени во абдоменот, градите, очите, веѓите. Сите овие делови од телото се движат кога ќе киваме. Додека спиеме, овие нерви се опуштени и затоа не киваме во сонот.

Зошто киваме 3 пати по ред?

Кога се појавува рефлекс на кивање, градните мускули ги притискаат белите дробови, што испраќа силен млаз на воздух нагоре. Грлото се затвора цврсто, предизвикувајќи целиот воздух силно удира на носот и забрзува до 160 километри на час. Овој воздух во просек е збогатен со 2.000 до 5.000 бактерии.

Зошто мажите клекнуваат кога запросуваат девојка?

Но, зошто киваме 3 пати по ред? Иако понекогаш е доволно само едно кивање да го „исчисти“ организмот од она што го иритирало, тројно кивање се случува кога „надразнувачот“ навлегува подлабоко во телото.

Првото кивање на тој начин го разбива надразнувачот, второто го турка до носот, а третото го исфрла надвор.

Зошто киваме различно?

Loading...

Додека нечие кивање можеме да го слушнеме и низ ѕидовите, кивањето на другите може да звучи како мало икање.

ИМАТЕ КОШМАРИ? Научниците дадоа објаснување зошто тоа се случува!

Ова е поврзано со навиките, иако постојат теории дека звукот зависи и од структурата на телото, јачината на мускулите и капацитетот на белите дробови.

Кивањето може да биде под влијание на големината и обликот на вратот и главата, како и од количината на воздух што се вдишува, но дефинитивно најважниот фактор е што „тивките“ најчесто го потиснуваат кивањето.

Од каде потекнува „На здравје“?

Античките Грци и Римјани уживале во кивањето, толку бизарно како што и звучи, затоа што тие го сметале за знак на добро здравје, кое би го прославиле велејќи „живеј долго“.

Зошто вратите на јавните тоалети не се до подот?

Сето тоа се сменило во 14 век, кога се случила чумата која масовно ги убивала луѓето. Во тоа време, папата Григориј VII ги замолил луѓето да се молат по секое кивање за да се одбранат од злобната болест.

Loading...

Варијации на „На здравје“ низ светот:

Франција: Achoum!

Јапонија: Hakashun!

Германија: Hatschi!

Турција: Hapsu!

Португалија: Atchim!

Loading...

Зошто чукаме во дрво три пати? Еве како настанал овој обичај!

Луди суеверија

Во полската култура, ако киваш, се верува дека свекрвата зборува лошо за тебе. Во италијанската култура среќа е ако вашата мачка ве кивне, особено на денот на вашата свадба, пишува SteamBoatPilot.

Во шкотската култура, се верувало дека новороденчето е под контрола на самовилата сè додека прво не кивне, бидејќи така ја крши магијата.

Зошто се смееме? Научниците имаат две теории!

Loading...

Земјите од Источна Азија веруваат дека ако некому се зборува зад грб, тоа предизвикува гласно да кивне (едно кивање значи дека се зборува за нешто добро, две дека се зборува лошо).

Кивањето додека се облекувате, излегувате од куќа или пред работа се смета за лош почеток на денот.

Зошто хирурзите во операциона сала носат зелена или сина облека?

Исто така, постои интерпретација на кивањето при пловење по море – ако морнарот кивне кон дсната страна додека бродот се движи, тоа ќе биде среќно патување. Но, ако кивне во пристаништето, бродот ќе се соочи со тешко време.

Leave a Reply