Зошто се смееме? Научниците имаат две теории!

Сподели со своите пријатели

Смеењето е здраво, добре е за здравјето, може да го разубави денот, а со тоа и животот може да стане вистински подарок.

Loading...

Иако луѓето од различни култури се смеат на различни нешта, смеата сепак е честа карактеристика на човекот. Со оглед на ова, научниците се запрашале од каде настанала смеата и како се вродила во човековото однесување.

Зошто хирурзите во операциона сала носат зелена или сина облека?

Бебињата почнуваат да се насмевнуваат на возраст од три месеци, дури и ако се глуви или слепи, како што е потврдено од бројни студии, а научниците оваа трага ги водела да мислат на смеата како еволутивна појава.

Постојат две теории за тоа како смеата се развила во средството за комуникација меѓу луѓето.

Image by StockSnap from Pixabay

Според првата теорија, смеата се појавила како потреба луѓето подобро да се поврзат со странците.

Loading...

За време на предисториските времиња, кога животот бил многу повеќе загрозен од опасностите што демнеле од природата, човекот морал да се потпре на помошта на членовите на неговата или нејзината заедница за да обезбеди засолниште или храна.

Знаете ли зошто копчињата „Ј“ и „Ф“ на тастатурите се испакнати?

Бидејќи средствата за комуникација биле неразвиени, насмевката бил знак дека човекот сака да се поврзе со странецот.

Со тој знак се склопувала соработка, заеднички се работело на обезбедување подобри услови за живот преку лов или засолниште и да се создадат силни пријателства.

Според втората теорија за која се залагаат некои еволутивни биолози засновани на примарно однесување, смеата се појавила како замена за „актот на дотерување“.

Зошто има толку многу раси кучиња, а малку раси мачки?

Имено, примати од една социјална заедница, меѓу себе, остваруваат подлабок контакт така што меѓусебно се дотеруваат и си ги чистат болвите од телото.

Како што човечките заедници станувале поголеми и побројни, човекот не можел да се одрази со сите со допир, а смеата се појавила како универзален знак што укажува на тоа дека сакаме да имаме поблизок контакт со некого, заклучуваат биолозите.

Loading...

Без оглед на тоа дали првата или втората теорија е точна, смеата е нешто најубаво што го карактеризира човештвото, затоа што без тоа, сè околу нас би било многу помрачно.

КОРЕНИ ОД МИТОЛОГИЈАТА: Зошто намигнуваме, покажуваме среден прст, се тетовираме…?

Image by melancholiaphotography from Pixabay

Смеењето е добро за здравјето

Според наодите на научниците од реномираната светска болница „Мејо“, смеата има многу придобивки за здравјето на организмот:

– Смеата придонесува за поголемо внесување кислород, што може да стимулира подобра функција на срцето, белите дробови и мускулите.

Зошто забораваме?

Loading...

– Кога се смееме го ослободуваме хормонот серотонин, кој е исклучително важен во борбата против стресот, но исто така помага да се опушти телото.

– Смеата, исто така, влијае на крвниот притисок, што придонесува за чувство на задоволство и релаксација.

– Смеата може да го зајакне имунолошкиот систем кој се бори против разни болести. Не само вирусни инфекции, туку и болести поврзани со стрес.

Leave a Reply