ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување

Сподели со своите пријатели

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува изјавата на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт

Loading...

Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата, според ЗНМ, може да поттикне насилство кон новинарите, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето.

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата (ВИДЕО)

-Го повикуваме Претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред се на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите. Премиерот Заев како Претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат, стои во соопштението на Здружението на новинари на Македонија.

Истовремено, како што се потенцира во реакцијата од ЗНМ, во својата изјава Претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.

Заев: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина, а не како сексуална ориентација

-Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини, додаваат од ЗНМ.

Leave a Reply