Заев: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина, а не како сексуална ориентација

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев истакна дека зборот „педер“ во неговата изјава го кажал како карактерна особина, а не како сексуална припадност, откако претходно рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа Влада од власт“.

Loading...

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата (ВИДЕО)

„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, напиша Заев на социјалните мрежи.

ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување

Инаку ваквиот „твит“ на Заев следува по жестоките критики по денешната изјава дадена за медиумите запрашан дали знаел за рекетот кој го правел Бојан Јовановски.

Leave a Reply