Зимска авантура од 83.000 фунти: Поглед на поларната светлина и ноќевање во иглу

Сподели со своите пријатели

Луксузен престој на Северниот пол бара длабок џеб и чувство за авантура. Од април 2020 година, ќе биде достапно хотелското сместување во форма на иглу.

Loading...

Ќе бидат понудени десет иглуси и секој има стаклен покрив за да им овозможи на посетителите да ја набудуваат чудесната поларна светлина од удобен топол простор, иако однадвор доминираат температурите дури 45 степени под нулата.

„Сакав да создадам удобно сместување, да го доживеам Северен Пол, па добив идеја за удобно сместување во екстремни временски услови. Ние нудиме сè, од опрема, и потребен ви е само духот на истражувач или научник “, рече Џен Хонканен, основач и директор на „Luxury Action“.

Ноќевањето чини 83.000 фунти, а гостите добиваат луксузно сместување, бања, водич за опстанок во дивина, готвач и врвна безбедност.

Во екстремно време, куќите можат лесно да се преместуваат.

Во цената се вклучени две ноќевања во Свалбард, Норвешка, пред поаѓањето за Северен Пол, превоз, оброци, излети.

Leave a Reply